Во духот на новогодишните празници и празнувањето, Општина Аеродром пред платото на Капитол мол, денеска организираше незаборавен хуманитарен настан, со цел преку песна и забава да се сподели предпразничната еуфорија со секого, а воедно преку донации да се помогне на социјално загрозени семејства.

Имено, децата од предучилишна и училишна возраст од општината имаа можност да се веселат и радуваат на забавата проследена од магионичарски перформанс, најактуелниот детски анимиран лик во државата и познати македонски музички ѕвезди.

За време на хуманитарниот настан, сите присутни имаа можност со купување новогодишни честитки да донираат финансиски средства во кутијата за донации и да им помогнат на најранливите категории на жители во општината. Средствата собрани од настанот, ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства од Општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.