Јапонски експерти од областа на аерозагадувањето денеска, од 9:30 до 11:30 часот, ќе одржат предавање на Машинскиот факултет во Скопје, во насока на споделување искуства и отворање дебата за проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух во земјава.

Предавањето го организира Амбасадата на Јапонија во соработка со МАК-ЈАМС – ЏАЈКА Алумни и Машински факултет – Скопје.

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на предавањето можат да се пријават денес по електронски пат на ind@mf.edu.mk

Предавањето ќе биде на англиски јазик, а бројот на учесници е ограничен.
https://www.facebook.com/events/151871563420873/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.