Просторот пред општинската зграда во Бутел во моментот е претворен во див пазар. Импровизираните тезги за продажба се распослани по целиот тревник, а од камионот се растоварени вреќи со овошје, зеленчук и роба.
Иако ова му се случува буквално пред очи, градоначалникот на општината Велимир Смилевски, кој ја бара поддршката од граѓаните и за втор мандат како кандидат на СДСМ, воопшто не реагира, а дивите тезгаџии се оставени да продаваат.
Јавноста реагира што градоначалникот е слеп што од урбана општина, Бутел го претвори во кванташки пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.