В недела (23.12.2018) напладне во месноста Краста Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави Кумот и Здравичарот за Бадник 2019 соопштувајќи на тој начин дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.

Годинашен кум е Љупче Николовски, а здравичар Миливое Алексиевски, познати личности и вљубеници во својот град.

Првиот е бизнисмен, сопственик на фирмата „Белина“, која во 2019 година прославува 25 години постоење и успешна работа и посветен вински витез, а вториот е резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање. Им припаѓаат на различни генерации.

Ги сакаат и неизмерно ги почитуваат македонските традиции,а исто така и верата. Скопје за нив е иконата што не ја менуваат за ништо на светот и затоа скоро беспоговорно ја прифатија поканата за активно учество и сопствен придонес на традициите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.