Територијалната противпожарна единица на Град Скопје годинава имала 110 интервенции повеќе во однос на лани. Командантот на ТППЕ Скопје Владимир Симоновски во интервју за МИА открива дека до 25 август годинава имале 930 интервенции додека лани во истиот период имало 820 интервенции.

Симоновски вели дека со мултифункционалната противпожарна скала е интервенирано во три случаи за еден месец – пожарите во „Охис“ и „Рагуза 360“ и спасувањето на заглавени лица во стан на 8 кат.

Имавме три интервенции и тоа пожар на катната гаража-Рагуза. Тука е и пожарот во фабриката „Охис“. Со скалата имавме и една техничка интервенција – спасување на заглавени лица во стан на 8 кат. Околу обвинувањата и споредбите Загреб-Скопје и цената на истата скала сакам само да дадам информација дека Загреб има оперативни шест скали, а ние имаме еве сега една, а до сега беше набавена само една во 1974 година. Мислам дека најнеопходна беше набавката на ваква скала со потребната дополнителна опрема и мултифункционалноста за секакви интервенции – вели Симоновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.