На барање на жителите, на повеќе фреквентни локации и улици во урбаните заедници и во близина на училиштата и детските градинки во Ѓорче Петров се поставени пречки за намалување на брзината на возилата („лежечки полицајци“).

Меѓу опфатените улици се „Кичевска“, „Злате Михајловски“, „Ѓуро Салај“, „Мице Козар“, „Островска“, „Црногорска 2“, „Арсениј Јовков“, „Мечкин Камен“, „1596“ и „49“.

Од Општината велат дека ваквите акции ќе продолжат и понатаму, со цел да се подигне безбедноста во сообраќајот, а со тоа и да се спречат евентуални несреќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.