Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Чучер Сандево и Зелениково.

Во периодот од 08:00 до 09:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат објектот на „Бурдем Пластика”, како и објектите што се напојуваат од истата трафостаница во село Студеничани, Општина Студеничани.

Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од бул. „Партизански Одреди” бр.82, како и објектот на бензинската пумпа на „Макпетрол”, Општина Карпош.

Во периодот од 08:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Стојко Јовановски”, како и дел од корисниците од улиците „Максут Садик” и „Џон Кенеди”, Општина Чаир.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Сердарот„ и „Герника”, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Бразда, Општина Чучер Сандево.

Во периодот од 09:45 до 10:45 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од населените места во цела Општина Зелениково, Општина Зелениково.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Драчево, лоцирани кај Марлес, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од село Студеничани, како и објектот на фабриката „Фруктал” во село Студеничани, Општина Студеничани.

Во периодот од 13:00 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Студеничани и Морани, Општина Студеничани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.