Повторно поскапува паркингот во рамките на Комплексот клиники Мајка Тереза.. Вака одлучи претпладнево мнозинството предводено од СДСМ во Советот на Град Скопје и го усвои предлогот на градоначалникот.
Во време на светска пандемија кога здравствените услуги за многумина се неопходни цената на паркингот на Клинички се зголемува од 25 на 30 денари.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов неодмна се пофали со изградбата на новиот паркинг кај Гинеколошката клиника за кој граѓаните се шегуваа дека е единствената инвестиција на СДСМ во здравството изминатите три години. Просторот за паркирање на местото на некогашната зграда на Клиниката за гинекологија ќе може да прими 150 возила, но очигледно граѓаните скапо ќе ги чини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.