Новиот „Дино парк“ во Скопје од денеска е отворен за посетителите, а оние кои имале можност да ги видат упатија неколку критики за изгледот на новото катче во скопската зоолошка градина.
Денеска бев и еве го мојот впечаток:
1. Катастрофа организација (нема редари).
2. Премногу луѓе на мал простор.
3. Недолично однесување на посетителите (деца ги тегнат за заби експонатите од диносаурси, за јазик, возрасни влегуваат внатре, се пентарат се сликаат).
4. Некои животни лошо се поставени.
5. Кабли се гледаат (не се скриени)
Прогноза:. За 10 дена, сите макети ќе бидат исрани од чавки, без заби, без јазици, скршени нокти, прсти, едноставно ќе бидат оштетени од посетителите бидејќи нема кој да ги заштити. – стои во еден коментар на социјалните мрежи.
На едно од видеата се гледа како опашот на диносаурусот удира во дрво, па и дрвото и опашот се обвиткани со најлонска фолија.
Видеото од иновативното решение можете да го видете во коментари под видеото од „Дино парк“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.