Попладнево се урна потпорен ѕид на куќа во Пржино во чие непосредно соседство се градат дури четири повеќекатници.
Како што пишува „Слободен Печат“, минатиот четврток граѓаните кои живеат во непосредна близина на градилиштето го блокираа приодот кон парцелата на која, според нив се градат премногу големи објекти кои според својот габарит не одговараат на локацијата на која доминираат индивидуални куќи.
Тие напрвин со жив штит ги спречуваа багерите преку тесната слепа уличка да стигнат до локацијата каде што треба да се градат четири четирикатници, но потоа тие се пробија и почнаа со работа. За тоа беше искористена ситуацијата кога претставници на граѓаните отишле на претходно закажана средба со општинскиот градежен инспектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.