Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 40 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Како што информираат од министерството за здравство, вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во Ковид-центарот на Клниката за неврологија, шестмина на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и двајца на Очната клиника. На ОРЛ се примени три нови болни, а во Ковид-центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија еден пациент. Во болницата „8 Септември“ имало осум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 13 болни – информираат од Министерство и додаваат дека во изминатите 24 часа дома биле пуштени 32 оздравени пациенти.
Од речиси 500 пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.