Поради бројни индиции за незаконско работење на општината Карпош, советниците на Левица бараат ревизија на работењето. Се бара три вида на ревизија: ревизија за регуларност, ревизија за усогласеност и ИТ ревизија.
Советниците на Левица барањето го достави до Државниот завод за ревизија повикувајќи се на Законот за ревизија („Службен весник на Република Македонија“ број 66/10, 145/10, 12/14, 43/14, 154/15, 192/15, 27/16 и 83/18) и ,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 122/21).
Бројните индиции за нерегуларноста во работењето на општината предводена од Стефан Богоев е главната причина за поднесување на ова барање. Оттука очекуваме ДЗР да го прифати барањето и да спроведе итна ревизија, изјави Мартин Димоски, советник во Општина Карпош.
Тој информира дека последната ревизија во Општина Карпош од страна на Државниот завод за ревизија е спроведена во 2017 година.
Со ова барање, се иницира спроведување на три вида на ревизија: ревизија за регуларност, ревизија за усогласеност и ИТ ревизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.