Ова зад мене е најскапиот тревник во светот. Овој тревник заедно со содржините на него скопјани ги чини неверојатни 33 милиони денари, односно над 530 илјади евра. Оваа трева не е златна, ниту се златни содржините на него, а истите скопјани ги чини цели 530 илјади евра. Што значи дека еден метар квадратен трева чини 6.600 денари односно 110 евра, изјави Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

За илустрација со 530 илјади евра може да се изгради монтажно училиште, или пак амбуланта какви што им се потребни на скопјани. Овој тревник чини 110 евра по метар квадратен, а метар квадратен за градба на училиште на пример изнесува 70 евра. Сето ова отвора сомнеж за корупција и криминал. Петре Шилегов стои зад најскапиот тревник во светот, а гледаме дека освен зелена трева, клупи и дрворед нема ништо атрактивно.

Шилегов плаќал како да купува злато, а има само зелена трева, најскапиот тревник во светот скопјани ќе ги чини неверојатни 530 илјади евра.

Се поставува прашањето во чии џебови отидоа парите од вака скапиот парк. Кој веројатно ќе влезе во гинис и тоа не само како најнефункционален парк бидејќи се наоѓа на самиот плоштад туку и како најскап парк во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.