На местото каде ветија студентски град нема ниту струја, коментира лидерот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов споделувајќи фотографија од мензата на студентскиот дом „Стив Наумов“.
Ново дно кое го достигна СДСМ. Како не ви е срам? Недела дена се изживувате со студентите, недела дена ништо не превземате, недела дена мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“ нема струја. Директорот на државниот студентски центар под итно да си даде оставка и да превземе одговорност за ова. Осветлување со свеќи во студентски дом е сликата која ќе остане запаметена како симбол на вашата незаинтересираност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.