Иако краткотраен, дождот што вчера во попладневните часови зафати делови Скопје поредизвка огромни проблеми во населбата Радишани во општина Бутел.

Во трговскиот центар во оваа населба беа поплавени повеќе дуќани, а премините низ трговскиот беа претворени во реки од надојдена вода.

За состојбата во Радишани по дождот реагираат граѓани во Фејсбук групата „Го сакам Бутел“ и прашуваат дали граѓаните барем еднаш ќе добијат помош од локалната власт или како и секогаш ќе бидат оставени самите на себе.

Вака изгледа урбана населба Радишани❗️
Поплавени дворови, поплавени дуќани, поплавен цел трговски центар❗️
Општина Бутел ќе им помогне ли на граѓаните или како и секогаш сами на себе оставени ќе се – реагираат граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.