Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски, со тоа одбележувајќи го 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Владата на Македонија; Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија; делегација од Собранието на Република Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје; делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.