Скопје викендов е еден од десетте градови со најмногу загаден воздух, објави швајцарскиот портал IQAir, кој објавува податоци за квалитетот на воздухот ширум светот.
Зимата штотуку почна, а метрополата веќе урива рекорди, па така вечерва се наоѓа на второто место во светот по загаденост со 282 микрограми на кубен метар штетни честички по здравјето на граѓаните.
Пред Скопје позагаден град е само Лахоре во Пакистан со 305 микрограми на кубен метар штетни честички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.