Денешниот протест на средношколците беше проследен од припадниците на полицијата кои наоружени до заби и со панцири се поставија пред младите кои со гас-маски протестираат барајќи си го правото на чист воздух. Забележливо беше присуството на полицијата во целиот град, и беа далеку помногубројни отколку средношколците кои се одзваа на повикот за протест.
Де бе толку многу се собравте за едни деца. Повеќе од нас ве има, им викаа учениците на полицајците додека стоеја пред зградата на Владата.
И откако средношколците кои протестираа најпрвин во кругот на сопствените училишта, а потоа се упатија пред зградата на Владата, си заминаа кон собранието, полицијата се уште остана пред Влада вооружена до заби.
Во соопштението до медиумите средношколците потврдуваат дека во текот на денот се соочиле со многубројни притисоци и обиди за спречување на остварување на ѓраѓанското право на протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.