Илјада слики, но ниту една од вистинскиот агол. За да не доведе и самиот Петре Шилегов во заблуда дека навистина ги поврзал Аеродром и Ќерамидница со мост, му ги подаруваме овие две фотографии од “неговото поврзување”.
На фотографиите што ги објави Шилегов, пишува дека првите возила ќе ја преминат реката Вардар по мостот АСНОМ за еден месец или две недели по првиот круг на изборите.
Градежните работи привршуваат, а мостот е веќе споен.
Но има еден проблем. Мостот, којшто Шилегов го посети и вчера, и најави дека веќе е споен, од страната на Ќерамидница завршува во куќи. Нејасно е со каква магија планира Шилегов да ги дислоцира. А дека нешто не е во ред, ќе забележите и од сите фотографии објавени на Фејсбук сгтраницата на градоначалникот. Ниту една не е од фотографирана од страната на Аеродром.
Очигледно е дека Шилегов се служи со измама, зашто на толку професионална служба за односи со јавноста, на толку професионални фотографии и снимки направени од дрон на повеќе или помалку банални работи, една да нема од „првиот мост по децении“?! Ќе забележите, сите објавени фотографии се направени од ниско, да не се гледа околината, сликани се детали од градежните машини, небаре се на изложба. Или од мостот, мостот не се гледа.
Извини, градски татко, но некој овде опасно подлажува. Од оваа страна изгледа дека уште многу работа со мостов те чека, Петре, а ти време немаш, оти мандат втор ќе немаш Тик-так.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.