Данела Арсовска, независна кандидатка за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претпаднево се сретна со Бени Шаќири, кој беше кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП.
„Скопски муабети“, пишува Арсовска под објавената фотографија со Шаќири, кој освои 8.911 гласа во првиот круг на локалните избри.
Тој по изборите рече дека е задоволен од бројот на гласови, а на прашањето за кого ќе гласа во вториот круг рече:
Граѓаните се доволно паметни и свесни за кого треба да го дадат својот глас, мислам дека е дегутантно јас да им кажувам што треба да прават – рече тој .
На прашањето кого Бени сака да го види во градоначалничката фотеља, тој одлучно одговори:
Петре Шилегов, сигурно не!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.