Скопјани и годинава, по 27-ти пат во организација на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, ќе им се радуваат на Бадникарските свечености.
Направени се сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата, која наиде на поддршка кај скопјани, информираат организаторите.
Во четврток, 12.12.2018 пред новинарите ќе бидат претставени Кумот и Здравичарот за Бадник 2019 (Општина Центар). Традиционално, на 23-ти, претпоследната недела во декември, од падините на Водно на скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.
Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, нафората и голтката топла ракија, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик. Кумот за Бадник 2019 со пајтон ќе замине со преодниот Ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ г. г. Стефан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.