По завршеното поставување на канализациската мрежа и приклучоците на улица „22“ во населено место Петровец, почнаа активности за асфалтирање.

Градоначалникот Борче Митевски, заедно со членот на  од Советот Златко Ацевски, беа на терен за директоно да ја исконтролираат градежната активност и текот на изведбата.

Од општината информираат дека финансиските средства за овој проект се во висина од 1.250.000 денари и се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Улицата е со должина од 280 метри и треба да биде завршена за неполни седум дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.