Општина Кисела Вода почна со изградба на паркинг во населбата Драчево.
Се расчистува теренот на улицата „Бранко Заревски”, во близина на пазарот, каде што ќе биде ќе биде лоциран паркингот, на површина од околу 3.500 квадратни метри.
Почнуваме да го решаваме проблемот со паркирање во населбата Драчево. Градиме паркинг за 60-тина возила и тоа во фреквентниот дел на овој дел од Кисела Вода. Ќе биде готов за околу 10 дена. Свесен сум за проблемот што моите сограѓани го имаат со недостигот од места за паркирање и сакам да најавам дека ова е само прв чекор во неговото надминување – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за трпение во наредните 10 дена, додека траат градежните активности.
Ги замолуваме да не ги паркираат своите возила на ова место, како изградбата на паркингот би можела да тече непречено – наведуваат од Општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.