Претседателoт на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, денеска се обрати до јавноста од пред студентскиот дом „Стив Наумов“, местото, како што рече, на кое според СДСМ уште пред година и пол требаше да почне со градба студентски град. Наместо тоа, ситуацијата во домот е полоша од кога било.
Овие слики се сликани во текот на вчерашниот ден, од кои се гледа нешто што треба да биде тоалет. Ова не е тоалет, ова е руина. Почитувани родители, во вакви тоалети одат вашите деца кои живеат во „Стив Наумов“, потенцираше Јаулески.
Јаулески потсети дека откако е сменета власта, веќе две години, владата нема одвоено ни денар за „Стив Наумов“, а ниту за другите студентски домови.
Проблемот со руинираните тоалети, е само капак на проблемите кои се таложат две години. Имено студентите во текот на зимата овде немаа топла вода во купатилата, додека храната веќе со месецот е слаба и не ја задоволува калоричната вредност која треба да ја внесува еден млад човек, вели Јаулески.
Ова се слики од храната, сликана од студенти, а објавени на медиумите, од кои се гледа отпушоци и инсекти во истата.
Ова не е страшно. Ова е алармантно.
Власта две години со прст нема мрднато за младите, рече Јаулески.
Пред иста ваква табла, додаде тој, Стефан Богоев и Дарко Каевски пред две години промовираа како ќе изгледа студентски град, и ги најавуваа инвестициите на студентските домови.
Две години потоа, Богоев е градоначалник, а Каевски директор, додека од студентскиот град нема ништо, не е ниту на повидок. Заев ги излажа и злоупотреби младите. Време е за одговорност. Време повеќе нема. Младите сакаат иднина, вели Јаулески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.