Почитувани „Гушкачи“, колку чини една недела дефокус? За едни удавени во „шахтата“ прашувам, онаа самонивелирачка, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, споделувајќи фотографија од паркингот спроти „Холидеј ин“, каде веќе се во тек градежните работи.
Ова копањево темели за облакодерите во Центар не им бодат очи, нема врзување за дрва, нема гушкање „козара стајл“, нема ноќни стражи?
Нема јунаци да го влече овој „обеликсот“ да го турнат како споменикот во Жена Парк што се обидоа да го турнат?
Го нема Жерно со пророчки настап „cеверна ќе падне“?
Или „шахтата“ е позначајна?
Скопје е најзагадено со дволични!, коментира Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.