Од денеска повторно е во функција жичарницата до врвот на Водно, соопшти Град Скопје. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска посочи дека во изминатиот период биле направени сите неопходни процедури за пуштање на жичарницата во функција во однос на технички и безбедносен аспект.

Согласно протоколот на Комисијата за заразни болести во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица, односно искористеност на 50% од вкупниот капацитет на кабината, каде што патниците треба да носат заштитна маска.

Дополнително, од Град Скопје известија дека дека во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно, односно 25, 25А и 25Б.

Во текот на денот ќе се врши дезинфекција на внатрешноста на кабините. Жичницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последниот вторник во месецот. Автобуските линии за време на викенд и за државни празници се бесплатни за сите категории патници. Дозволен е превоз на домашно милениче куче со мал/среден раст и превоз на куче/придружник на лицата со хендикеп, се додава во соопштението на Град Скопје.

Жичарницата не работеше од почетокот на прогласувањето пандемија поради коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.