По скандалот со седење во кафеана за време на полициски час и кога е забрането работење на угостителски објекти, градоначалникот на скопската општина Центар Саша Богдановиќ, се правда на фејсбук.

Откако медиумите објавија дека тој вечерва бил во друштво со неколкумина во еден ресторан во Дебар Маало, Богдановиќ на фејсбук објави дека КК Работнички Скопје има нов играч, Иван Аска кој вечерва требало да биде сместен во хотел.

Но, според протоколите, во хотелите е забрането седење во ресторан за лица кои не се гости на хотелот, како што е случајот со Богдановиќ.

Го сместивме Иван Аска, новиот играч на КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ.
За брзо време почнуваме со нашето засилување во Градски Парк, напиша Богдановиќ на Фејсбук.

Го сместивме Иван Аска, новиот играч на КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ.
За брзо време почнуваме со нашето засилување во Градски Парк.

Posted by Саша Богдановиќ on Tuesday, 20 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.