Изгаснат е пожарот што ги зафати напуштените бараки каде беше сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека на терен интервенирале со седум возила и 20 пожарникари.

– Пожарот е завршен. Ставен е под контрола и се работи на негово догасување, на тоа што остана, изјави за МИА Симоновски.

Претходно Симоновски, информираше дека нема голема материјална штета, ниту повредени или жртви, но дека сериозен проблем биле нефункционалните хидранти.

– Многу пати сме кажале дека хидрантската мрежа не ни е точно обележана и каде имаме доволно за полнење вода, изјави Симоновски.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, во изјава за медиумите од местото на пожарот, рече дека станува збор за монтажни бараки стари преку 50 години, кои брзо гореле и благодарение на брзата реакција на пожарникарите се спречило ширење на пожарот и поголема материјална штета



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.