По насилниот инцидент во општина Карпош, кога сопруг на вработена во општината со нож го нападнал нејзиниот љубовник, исто така вработен во општината, градоначалникот Стефан Богоев им дал отказни решенија на сопружниците кои во Општина Карпош биле ангажирани со договор на дело.

Во текот на вчерашниот ден, Богоев информираше дека во немилиот настан учествувале вработени во општинската администрација.

МВР информираше дека вчера во 11,30 часот по претходна расправија С.А. (34) со остар предмет му нанел повреда на В.К. (37), двајцата од Скопје. Повредениот веднаш бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.