Да се присетиме на веселото момче Пино и преку молитва да му го осветлиме патот кон бескрајноста таму горе на небото. Во недела на 07 Јули во 18:00 часот, ќе му оддадеме последно збогум на Пино, во католичката црква Капиштец.
Апел до сите негови пријатели, семејството и сите оние кои сакаат да се помолат за неговата душа, можете да дојдете во недела во Католичката црква и да се помолете се за детето, кое монструозно беше убиено од страна на негови познаници.

Неговата мајка, Маја Трпковска се огласи на социјалните мрежи и ги повика сите кои сакаат да се помолат за нејзиното синче да дојдат во католичката црква Капиштец, каде ќе се одржи служба(Санта Меса).

По мисата, мајката на Пино ќе му подготви последно ЗБОГУМ во Италија каде ќе биде испратен од своето блиско семејство и пријателите до неговиот вечен дом.
Мајката, Маја не може да се помири со фактот дека нејзиното дете во понеделник ќе го погреба и дека од него остана само 4 коски, дури како што вели таа во многуте интервјуа не може ниту достојно да го закопа своето чедо.

Момчето кое исчезна во почетокот на декември минатата година Пинета Секондо – Пино беше пронајдено мртво.

Телото е најдено во атарот на селото Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.
Станува збор за убиство, а МВР поднесе кривична пријава против две лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.