По година и пол од најавата, денеска се отвори стационарот за бездомни животни, Лајка. Капацитетот е околу сто кучиња.
Станува збор за објект со најдобри стандарди кои се препишуваат во оваа област. Има подно греење, секој дел е засебен, тргнато е прифатилиштето и приемното одделение, има соба за интензивна нега, операционала сала, амбуланта, соба за пост оперативен третман и карантински дел. Системски ќе го решаваме проблемот со бездомните кучиња со цел за една до две години од сега да го намалиме и бројот на кучињата скитници, но граѓани кои се каснати од кучињата, изјави Пете Шилегов, градоначалник на Скопје.
Изградбата на Лајка чини околу 30 милиони денари, средства кои се донација од дваесет градежни фирми, додека партерното уредување и зеленилото се резултат од секојдневното работење на јавните претпријатија. Од Буџетот на Град Скопје не се издвоени посебни средства за изградба на овој објект.
Директорката на Лајка, Тина Петрушевска нагласи дека во рамки на стационарот ќе има два посебни карантински делови, едниот за болни кучиња, а другиот за кучиња кои каснеле некого.
Граѓаните заслужуваат да знаат историја за кучето кое ги гризнало, дали е болно од нешто или не. Доколку има можност, истото куче ќе се ресоцијализира и ќе добие свој дом. Исто така има карантин и за болни кучиња, кои ќе бидат под надзор. Најубавиот дел е делот со 50 боксови, кои имаат подно греење и каде што секој граѓанин ќе може да си одбере миленик, рече Петрушевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.