Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски јавно се заблагодари на градоначалникот на збратимениот кинески град Нанчанг за брзата реакција на неговото барање и за донацијата од 50.000 заштитни маски.

Во овие тешки моменти оваа донација е многу значајна за жителите на Скопје. Пријателите се препознаваат во вакви моменти. Се надевам дека амбасадата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НР КИНА ќе стори се донацијата брзо да дојде во Скопје со што ќе допринесе за намалување на последиците од корона вирусот, порача Трајановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.