На предлог на градоначланикот на општина Бутел Дарко Костовски, на седница на општината советниците идногласно одлучија на семејствата кои потекнуваат од општината, а изгубија членови во сообраќајната незгода во Бугарија, да им биде доделена парична помош од 250.000 денари.

Денес на мој предлог советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за доделување на 250 илјади денари парична помош за настраданите лица во сообракајната несреќа во Бугарија.
Нема зборови со кои може да се опише оваа трагедија која ни донесе немир и тага, напиша Косовски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.