По 10 години поминати во AAP Stichting, нашиот Коко се враќа дома. Во 2009 година, Коко беше единствено шимпанзо во Скопје Зоо, во тинејџерски години кога најмногу му треба друштво и љубов. Поради тоа покажуваше знаци на анксиозност, но и поради несоодветното живеалиште, Зоолошка градина Скопје заедно со неколку новинари во тоа време покрена иницијатива преку ЕАЗА, Коко да биде испратен на ресоцијализација. AAP Stichting, една од најдобрите светски организации за ресоцијализација и спасување на животни, веднаш ги отвори вратите за наш Коко. Таму во текот на годините, стекна многу нови другари и меѓу вработените и меѓу шимпанзата, пишуваат од ЗОО Скопје на нивниот официјален Фејсбук профил.

Мими, Роси, Коко и Хјасл се група која одлично се сложува и во Скопје ЗОО ќе добијат услови и љубов какви што заслужуваат. Приказните на Мими, Роси и Хјасл се премногу тажни, но благодарение на AAP, овие храбри шимпанза добија нова шанса за живот. Во светот пред само 5-10 години живееа околу 1 000 000 шимпанза. Но, застрашувачки е фактот дека за толку кратко време се останати само 150 000 шимпанза и станаа загрозен вид. Особено се убивани во дивината, а малите бебиња земани за лабараториски експерименти, што е поразително и бескрајно сурово. Среќа, што на светот постојат и луѓе како AAP Stichting, кои безрезервно се залагаат да помогнат на сите шимпанза. п.с Коко и другарите веќе се на пат кон Скопје, се читаме кога ќе пристигнат, информираат од ЗОО Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.