Иако најави, Марин не објави во која насока го преиспитал договорот на Општина Аеродром со маркетинг агенција вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци за подвизите на нивниот градоначалник.

Според договорот Агенцијата ќе треба да пишува соопштенија, да изработува презентации, да пушта покани до медиумите за настани, да прави листа од можни прашања од медиумите за Марин, но и да ги смисли неговите одговори.

Покрај организација на настани, кампањи, Агенцијата треба да се грижи и за протоколот на градоначалникот. Да му подготви предлог начин за обраќање и движење на Марин на јавните настапи. Да смислува содржини за Општината на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“. Во 18 ставки во договорот е наведено се што треба да сработи за да добие 73.000 евра за една година, или во просек по 6.000 евра месечно.

И така, утрово на Фејсбук осамна оваа битна информација за Аеродром, поткрепена со неверојатни 6 (шест фотографии), за да се види дека парите се со „алал“ дадени и во вистинските раце се отидени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.