Сега сме на пресврт дали ќе продолжи бетонизацијата на Скопје и загубата на зеленило или ќе изработиме генерален урбанистички план по мерка на луѓето, вели Ана Петровска, кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од Зелен хуман град во дебата на „360 степени“.

В година истекува важнсота на Генералниот урбанистички план донесен во 2012 година. Значи, ако се работи со ова темпо, односно не се работи, ние нема да имаме Генерален урбанистички план. Прва работа што требало да се направи е да се заврши зелениот катастар. Тој е во одредена фаза готов, меѓутоа не го покрива целиот град и тоа оневозможува изработка на стратегија за урбано зеленило, за да може да ги идентификуваме сите празни и непарцелизирани простори кои ќе ги намениме за зеленило. Вториот концепт за кој ние се залагаме, а е целосно изгубен, е функционирањето на соседствата. Кога ќе имаме едно соседство, кое покрај домување ќе има пазар, амбулата, културен дом, училиште, градинка, и сето она што ни е неопходно за хумано живеење, ќе се намали потребата од патување, а со тоа и потребата од транспорт – вели Петровска.

Според неа, сега има само продолжување на дехуманизирањето на просторот со носење на 46 регулациски планови кои имале можност да го коригираат ГУП-от од 2012 година, но наместо тоа, на некои локации тие ја влошиле состојбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.