Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ заедно со Ана Петровска се залагаат против бетонски чудовишта во Пржино, а за еколошка населба.

Како што порачуваат од Иницијативата, тие го креваат гласот против грдосии од згради на ерозивен терен, кајшто падна потпорен ѕид, при нефункционална инфраструктура и поплавени улици, со руиниран општински центар.

Во Пржино урбаната мафија измислила иновација: како на место за индивидуални станбени куќи да никнат станбени згради. Се ситни градежната парцела и на секоја се прави по една куќа. Во стварност добиваме бетонски чудовишта! Само кога ќе се почитува правото за хумано живеење, само тогаш Скопје ќе може да дише! Скопје мора да биде зелен хуман град!“ категорична е Ана Петровска.

Да го одбраниме Пржино заедно! – порача Ана Петровска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.