Ана Петровска, независната кандидатка за градоначалничка на Скопје најави дека прво шо ќе направи во нејзиниот мандат, доколку победи на изборите, е решавање на цврстиот отпад.
„Ќе започнеме со три процеси. Прво, решавање на цврстиот отпадот: за 3 месеци решавање на подигањето на комуналниот отпад; за 6 месеци селектирање и компостирање на отганскиот отпад, за да се намали обемот и испуштањето метан на депониите; за 9 месеци чистење на депониите, обезбедена техничка документација за Вардариште, формализирање на неформалните собирачи и нивно санкционирање за палењето гуми, кабли и мебел.Второ, носење нов ГУП за да се воведе ред во урбанистичкото планирање и да добиеме хумани соседства со многу зеленило и одржлив транспорт. Трето, отворање нови зелени работни места – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.