Кандидатката за градоначалник на Град Скопје поддржана од НВО „Зелен хуман град”, Ана Петровска своето избирачко право на локалните избори го искористи на гласачкото место 2659 во населбата Црниче.

-Денеска скопјани имаат шанса да си го вратат Скопје кое веќе 30 години се бетонира, се уништува зеленилото, имаме отпад на секој чекор, воздухот е загаден, водите се загадени, изјави Петровска по гласањето.

Таа посочи дека денеска скопјани имаат можност да изберат непристрасност, стручност, искреност и непоколебливост.

-Денеска имаме шанса да си го вратиме Скопје на скопјани, порача кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.