Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва се вакцинираше во салата „Борис Трајковски“
Вечерва во Центарот за вакцинација во салата “Борис Трајковски” го остварив своето право, но и обврска на вакцинација против вирусот Ковид 19.
Само со масовна вакцинација, можеме заеднички да ја победиме оваа болест. Ве повикувам да го искористите своето право на вакцинација ! Заедно да победиме !!!
Особено задоволство ми беше што вакцинацијата (а и брисевите кога бев болен) ја добив лично од Денис Јанкуловски – Космонаутко. Не заигравме, ама срдечно се поздравивме. Поздрав за сите прекрасни луѓе од медицинскиот и техничкиот персонал во Центарот.
Вакцинирајте се !!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.