Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов се пофали со казната за возачот на автомобилот кој влета во новогодипните украси на плоштад Македонија се разбранува јавноста која смета дека е смешно да се напише казна од 45 евра за ваков прекршок, а истовремено да се казнув возач со 120 евра за прегорена светилка на фар. Петре денеска се јави, ќе имало уште една казна, имало сериозни елементи за загрозувае на безбедноста во сообраќајот, мандатната била издадена одма, втората казна ќе следувала.

Колкава и каква казна е доволна да се сопре дивеењето и самоволието низ улиците? Одговор од надлежните на ова прашање нема ниту по вчерашниот инцидент кога на социјалните мрежи беше објавено видео како возило со голема брзина се движи од Порта Македонија преку новогодишниот тунел кон Плоштадот Македонија во Скопје.

Наспроти радоста на Петре, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изрази незадоволство. Вели казните треба да се заострат за да ги одвратат од такво однесување.

Но токму министерството за внатрешни работи беше предлагач на последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои најголем дел од казните беа намалени. Така според актуелниот закон казните за граѓаните се од 15 до 250 евра освен за прекршоци кои го загрозуваат животот и здравјето на луѓето како што се брзо возење, алко хол и престигнување. Со законот е пропишано одземање на возилото на оној кој предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.