„Не политика. Не партии. За здравје на нацијата се работи.“ Ова е дел од многуте статуси што деновиве на „Фејсбук“ ги пишува скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Сега за сега, ако немате нешто паметно да кажете, барем замолчете !!!, ни порачува.
Арно ама, не се чита самиот.
Во време кога поголемиот дел од граѓаните на Скопје се дома поради засилените мерки на Владата, кога контејнерите се полнат и два до три пати повеќе, Шилегов не размислува за реорганизација и координација со ЈП „Комунална хигиена“ за нивно почесто празнење.
Кога Софија и Загреб ги редат со болнички кревети најдолемите спортски сали, овде не се ни размислува на адаптација не само на „Борис Трајковски“, туку и на сите испразнети студенски и средношколски домови, факултети, касарни…Ако пикот допрва доаѓа, зошто Шилегов не се однесува така?
За Шилегов е доволно што еднаш цистерна помина по скопските улици, иако тие треба да се дезинфицираат барем неколкупати дневно. Градови и неколкупати помали од „метрополата“, не во светот, туку и тука, се дезинфицираат на редовна база.
Не, за Шилегов е мерка сликање по дома и трошење на парите на граѓаните за „награди“. Мерка е и пишување на статуси.
Градоначалникот заборави дека веќе не е опозиција и одамна не е „револуционер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.