Откако градоначалникот на Скопје, Претре Шилегов на својот фејсбук профил објави дека вечерва на видео -бим на плоштадот Македонија ќе се врши пренос од ракометот Вардар – Веспрем, финале во Лига Шампиони, граѓаните револтирани од начинот на кој тој повика сите да ги подрат ракометарите од македонскиот клуб. Во ниту еден момент не спомна Македонија, па дури ни кога кажа дека на плоштад ќе има видео-бим. Плоштадот се вика Македонија, ма не и за скопскиот градоначалник. Покрај тоа, тој повика „Еден е Вардар, едно е Скопје“, но не и „една е Македонија“
Низ низата коментари ќе сретнете:
Се плашат да изговорат Македонија, бруки
Името на плоштадот е Македонија а со прилепување на успехот на колектив чиј играч го ословивте како ментално нестабилен само тонете што подолу
Што закочи море. еден е вардар, едно е скопје, една е МАКЕДОНИЈА.
А што не ја спомна и „една е Македонија“ или се плашиш од Зајко ваш!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.