Заврши протестот на движењето „Петоци за иднината“ на кој беше побарано да се изгласа законот за забрана на увоз на опасен отпад пред распуштање на парламентарен состав. Претставниците од движењето побараа и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со цел да добијат објаснување зошто донесувањето на овој закон постојано се одложува.
Елена Данова од „Петоци за иднината“ на денешниот протестен собир одржан пред Собранието, истакна дека сакаат да извршат притисок врз Собранието да се изгласа што побрзо измената на Законот за забрана на увоз на отпад и порача дека нема да бидат тивки се додека не се реши ситуацијата со отпадот. Според неа, потребни се конкретни активности за значително намалување на аерозагадувањето.
Денеска го доставивме барањето со коешто бараме од пратениците да се изгласа. Нашата држава нема капацитети, лаборатории и механизми за соодветно и неопходно испитување на отпадот којшто влегува во границите на државата за согорување. Токму затоа, бараме мораторитум на увозот на отпад се додека државата не оспособи лаборатории коишто ќе ги испитуваат потенцијалните отрови кои ги содржи увезеното ѓубвре, порачаа учесниците на протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.