Кандидатот за градоначалник на Скопје, поддржан од Левица, Петар Георгиевски – Камиказа, во дебата на „360 степени“ зборувајќи на тема урбанизација, изјави дека доколку биде избран за прв човек на главниот град, ќе ги заврши сите почнати проекти.

Ќе ги завршиме сите проекти. Нема да рушиме и да фрламе пари за џабе. Шилегов ниту сруши нешто ниту направи, туку сега на крај на мандат руши брод колку да фрли магла во очите на граѓаните – изјави Георгиевски.

Тој наброи неколку проекти за кои рече дека и актуелната и поранешната власт ги почнале, а сега само го попречуваат движењето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ направи еден пат до Сончев град, но тој сега е заграден со барикади и не личи на ништо. Не може да се помине ниту со велосипед. Второ, се гради мост кој не води никаде, а со месеци е забрането да се поминува таму и луѓето не можат ниту да спортуваат, ниту да трчаат таму. Слободно може да отворите гугл-мапа и ќе видите дека натаму нема ништо. Трето, Луна паркот и други останати работи кои можат лесно да се направат, Универзалната сала, која Шилегов ја почна и за тоа му требаа четири години…Ние почнатите проекти ќе ги завршиме – додаде Георгиевски.

Тој најави дека ќе гради трим-патека која ќе биде урбанистичко решение за полесно движење на граѓаните низ градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.