Новите автобуси на гас што возат низ улиците на Скопје се честа мета на граѓани, коишто со шрафцигери се обидуваат да ги украдат поставените полначи за телефони во автобусите.
Во 33 33 автобуси, колку што се пуштени во сообраќај, секојдневно има контролори во цивилка кои проверуваат дали патниците ги уништуваат возилата, а досега се фатени четворица граѓани како се обидуваат да ги украдат полначите.
Еден од патниците кој го фативме како со штрафцигер сака да ги извади полначите кои се вградени во држачите, беше 72-годишен пензионер. Во сите четири случаи навремено интервенираа контролорите и не дозволија уништување на дополнителната опрема во автобусите. Случаите се пријавени во Министерството за внатрешни работи. Навистина не ни е јасно зошто ги вадат и крадат, кога тие потоа никако не можат да се користат – велат од ЈСП „Скопје“, пишува „СДК,мк“.
Низ градот веќе еден месец на линиите 2, 5, 15, 24 и 57 возат 33 автобуси на гас од германскиот производител МАН.
Од нив 21 е eдинечен со капацитет за 81 патник и 12 се зглобни за 149 патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.