Лидерот на Ромите, пратеникот Амди Бајрам се подготвува за вистински спектакл по повод јубилејот, 40 години Европски ромски бал, кој ќе се одржи на 11-ти јануари во хотелот Александар Палас во Скопје, објави Фокус.мк.
Тој вели дека очекува гости од целиот свет, и посебно бил горд што настанот го дочекал својот јубилеј, кој ќе бил одбележан како што доликувало, во раскошен стил.
– Ќе имаме богато ВИП Голд (златно) мени, со печени јагниња, разни италијански специјалитети, квалитетни алкохолни пијалоци од познати брендови… Ќе се одржи и избор на Мис Европска Ромка, следуваат многу награди и изненадувања – открива Бајрам за ,,Фокус”.
Минатата година на балот тој се појави облечен како султан Сулејман. За добра забава на пристуните ќе бидат задолжени околу 20 познати музички ѕвезди.
-Секоја година имаме ВИП гости од политиката. На јубилејот поканети се дури 15 амбасадори, премиерот Зоран Заев, претседателот на собранието Талат Џафери, градоначалникот Петре Шилегов, повеќе министри… Се надевам дека ќе ми направат чест и ќе ми бидат гости на овој значаен настан за целата Ромска заедница. Ова е само кратка најава за она што допрва ќе следи. Се работи за голема организација, се средуваат сите поединости, Европскиот Ромски бал е традиција која има голема важност и на гостите ќе им понуди едно незаборавно доживување – ни изјави пратеникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.