Пазарџиите од „Зелен пазар“ во Скопје, денеска повторно излегоа на протест за да го изразат својот револт поради зголемената цена на паркингот кој се наоѓа во близина на пазарот. Овојпат, наместо околу пазарот, тие се собраа пред Општина Центар.
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од 8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.
Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.
Но, пазарџиите бараат да се укине тарифата и да не се плаќа 70 денари за час паркинг блиску до пазарот, бидејќи како што велат, поради оваа цена што ја вовела општината, купувачите почнале да бегаат.
Но, и покрај протестите и барањата на пазарџиите градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, најави дека тарифата нема да биде укината и најави поригорозни мерки, поради како што објаснува, поплаките на локалните жителите дека пазарџиите го зафаќаат паркинг просторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.