И ова утро центарот на градот повторно е блокиран поради протести на пазарџиите.

Незадоволни од одлуката на општина Центар за поскапување на паркингот,  пазарџиите од Зелен пазар и денеска ја блокираа улицата и влезот на паркингот. Бараат да се укине тарифата и да не се плаќа 70 денари за час паркинг блиску до пазарот, бидејќи како што велат, поради оваа цена што ја вовела општината, купувачите почнале да бегаат.

Но, и покрај протестите и барањата на пазарџиите вчера градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, најави дека тарифата нема да биде укината и најави поригорозни мерки, поради како што објаснува, поплаките на локалните жителите дека пазарџиите го зафаќаат паркинг просторот.

Јавното претпријатие паркинзи, пред една недела донесе одлука – од 8-ми јануари цената за еден час паркинг на комерцијалните паркинзи да се зголеми за 20 денари. Од таму објаснија дека целта е да се намали бројот на паркирани автомобили во градското подрачје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.