Градот Скопје од наредната недела ќе ја почне реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од раскрсницата со булевар „8 – ми Септември“ до мостот „Обединети нации.“ За да не се предизвикува поголем сообраќаен метеж, обновата на коловозот на оваа сообраќајница ќе се одвива фазно.
Во периодот на реконструкција, на булеварот „Партизански одреди“ ќе има времен режим на сообраќај, за што граѓаните ќе бидат благовремено известени.
За обновата на булеварот „Партизански одреди“ се издвоени 68,7 милиони денари од градскиот буџет. Рокот за изведба е 30 дена од почетокот на градежните работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.